• недела, 22 декември 2024

Се отстрануваат хаварисаните возила од јавните површини во Македонска Каменица

Се отстрануваат хаварисаните возила од јавните површини во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18 ноември 2024 (МИА) - Со цел, создавање на подобрена безбедност унапредување на чистота на јавните површини и зачувување на урбаниот изглед на Македонска Каменица, денеска започна акција за отстранување на сите хаварисани возила од јавните корисни површини на територијата на општина Македонска Каменица. 

По тој повод градоначалникот на Македоснка Каменица, Димчо Атанасовски денес апелираше до граѓаните, хаварисаните возила самостојно да ги пријават за дислокација од јавните површини. 

-Пријавувањето се врши во просториите на Јавното претпријатие „Камена река“, во текот на секој работен ден. Воедно, сакаме да нагласиме, дека по истекот на рокот од 7 дена по добиената опомена, непријавените хаварисани возила ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби, соопшти Атанасовски.

Трошоците за дислокација, како што додаде ќе бидат на товар на сопствениците.

-Хаварисаните и напуштени возила претставуваат сериозен проблем, не само од естетски, туку и од безбедносен аспект. Тие зафаќаат простор на паркинзите, го попречуваат движењето на пешаците и возилата, а воедно можат да предизвикаат и несакани еколошки последици, се додава во апелот на каменичкиот градоначалник.

Општина Македонска Каменица, оваа акција ја спроведува во соработка со Јавното претпријатие „Камена Река“ и МВР - Полициско одделение во Македонска Каменица, согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад (Сл. весник на РСМ бр.216/21, 195/22) и согласно член 7 и член 63 од Законот за безбедност на патиштата и од Законот за јавна чистота. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица

Остани поврзан