• петок, 22 ноември 2024

Се излеа Вардар, поплави куќи и обработливо земјиште во неколку села во Јегуновце  

Се излеа Вардар, поплави куќи и обработливо земјиште во неколку села во Јегуновце  
Тетово, 12 јануари 2021 (МИА) - Иако се намалија врнежите од дожд и водостоите на реките од ноќеска во 21 часот Вардар се излеа и поплави куќи и обработливо земјиште во неколку села во Општина Јегуновце. Градоначалникот на општината Дарко Блажевски објаснува дека излевањето е кај месноста Старо Вардариште каде реката и земјата се речиси на исто ниво. -Месноста Старо Вардариште е најниска местоположба долж Вардар и кога реката тука се излева веднаш се поплавува селото Раотинце. Во ова село поплавени се три куќи и домаќинства, излеана вода и поплави  има на обработливо земјиште во Туденце, Сиричино, Јегуновце и Раотинце, изјави Блажевски. Тој се надева дека временските прилики ќе се стабилизираат и ќе нема поголеми поплави. -На помалите и споредни реки, како река Бистрица, интервениравме со механизација и се отстранија отпадоци, дрвја и земја кои се нашле во коритата. За реката Вардар немаме соодветна поголема механизација, изјави Блажевски. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, на 9 јануари водостојот на Вардар во оваа Општина бил 106 сантиметри, додека вчера и денеска достигна 220 сантиметри. ас/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан