• сабота, 16 ноември 2024

Се зголемува бројот на гладни луѓе во Судан

Се зголемува бројот на гладни луѓе во Судан

Њујорк, 27 јуни 2024 (МИА) – Во најновиот извештај на Обединети нации се предупредува дека во следните месеци 755.000 луѓе ќе се соочат со глад во Судан.

Во извештајот се посочува оти по 14 месечните судири во Судан 8,5 милиони луѓе се соочуваат со екстремен недостиг на храна и дека гладот се проширил и во главниот град Картум и провинцијата Џазира.

Конфликтот во Судан почна во април 2023 година со борбите за превласт помеѓу армијата предводена од генералот Абдел-Фатах Бурхан и паравоените Сили за брза поддршка, под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало.

Според податоците на ОН во конфликтот се убиени повеќе од 14.000 луѓе, а 33.000 се повредени. Борбите ја предизвикаа најголемата светска криза, кој принуди над 11 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Експертите за човекови права во ОН изјавија дека двете завојувани страни ја користат храната и гладот како оружје. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан