• недела, 22 декември 2024

Се зголемува безбедноста на учениците пред штипското училиште ,,Ванчо Прќе"

Се зголемува безбедноста на учениците пред штипското училиште ,,Ванчо Прќе
Штип, 28 септември 2022 (МИА) - Проширена автобуска постојка ќе добие општина Штип пред Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“. Во изминатиов период овде започнаа градежни активности, а граѓаните реагираат на рушењето на местото на некогашната парада. Сања Мијалкова-Судиќлиева, советник за сообраќај во Општина Штип вели дека проблемот со протокот на возила во период кога учениците пристигнуваат и заминуваат од училиште ќе се реши со тоа што ќе биде проширено веќе постоечкото автобуско стојалиште. - Поради зголемениот број на возила во одредени часови од денот пред ООУ „Ванчо Прќе“, особено на автобуси, се јави потреба од проширување, односно продолжување на веќе постоечкото автобуско стојалиште се' со цел да може да се паркираат поголем број автобуси. Новото проширено стојалиште би требало да опфати околу три – четири автобуси, во зависност од типот и големината. Ова се прави се' со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, пред се' децата, вели Мијалкова Судиќлиева. Улицата „Васил Главинов“ во Штип е една од најфреквентните улици во централното градско подрачје. Со цел нејзино проширување и побрз проток на возила во овој дел од градот беа изградени конзоли на река Отиња. вд/цр  

Остани поврзан