• петок, 05 декември 2025

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви 

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви 

Брисел, 5 ноември 2025 (МИА) – Во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ во Бриж вечерва избувна пожар, но при инцидентот нема повредни, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. 

Пожарот избувнал додека автобусот со навивачите се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што вечерва се игра фудбалски натпревар рамките на Лигата на шампионите меѓу домашниот „Бриж“ и „Барселона“. 

Според полицијата, пожарот го предизвикал еден од навивачите на „Барселона“, кој кај себе имал пиротехнички средства, но засега нема детали како се случил целиот настан. 

Осомничениот предизвикувач на пожарот е приведен. 

Пожарот набрзо бил изгаснат по интервенција на противпожарна служба од Бриж. сп/јт/ 

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“ 

Остани поврзан