• петок, 06 март 2026

Се гради спа-центар, како доградба на затворениот базен во Кавадарци

Се гради спа-центар, како доградба на затворениот базен во Кавадарци

Кавадарци, 6 март 2026 (МИА) - Во тек се градежните активности за изградба на нов спа-центар, како доградба на спортско рекреативниот објект - затворен базен во Кавадарци, на површина од 240 квадратни метри.

Како што информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, спа-центарот ќе располага со парна бања, сауна, џакузи, топли лежалки - клупи, дел со тушеви, соблекувални, простории за масажа, претпростор со тоалет и туш за масажа и технички простории.

- Со реализацијата на овој проект се проширува понудата на затворениот базен и се создаваат нови можности за релаксација и рекреација, подвлече Јанчев.

Тој појасни дека овој спортско-рекреативен објект, заедно со затворениот базен, се инвестиција вредна 100 милиони денари, преку Министерството за спорт. свд/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан