Се гради нов паркинг кај новоизградениот кеј на Вардар во Велес
- Во тек се градежни активности за изградба и уредување на паркинг простор кај новоизградениот кеј на реката Вардар, информира денеска градоначалникот на Општина Велес Марко Колев.
Велес, 4 септември 2025 (МИА) – Во тек се градежни активности за изградба и уредување на паркинг простор кај новоизградениот кеј на реката Вардар, информира денеска градоначалникот на Општина Велес Марко Колев.
Паркинг просторот е наменет за дваесетина возила, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Воедно додава дека со оваа решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража. ад/аа/
Фото: МИА