Се гради нова сервисна улица покрај штипскиот булевар „Гоце Делчев“
- Почна изградбата на нова пристапна улица покрај булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека станува збор за улица на која ќе се асфалтира површина од 3.000 метри квадратни.

Штип, 16 април 2025 (МИА) – Почна изградбата на нова пристапна улица покрај булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека станува збор за улица на која ќе се асфалтира површина од 3.000 метри квадратни.
-На оваа улица има доста стопански објекти, деловни објекти, коишто имаат потреба од уредување и асфалтирање на оваа улица. Асфалтирањето на улицата е во непосредна близина на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“. Така да активностите коишто се превземаат ќе придонесат до подобрување на постоечката инфраструктура, изјави Јорданов.
Тој истакна покрај асфалтирање на оваа сервисна улица, се уредуваат и тротоарските површини. Од буџетот на Општина Штип за реализација на проектов се предвидени три милиони денари. Штипскиот градоначалник, Јорданов најави дека со подобрување на временските услови низ населбите и во централното градско подрачје ќе почне реализацијата на неколку инфрасктруктурни проекти. вдј/дма/
Фото: МИА