• петок, 05 декември 2025

Се градат нови улици во централното градско подрачје на Делчево

Се градат нови улици во централното градско подрачје на Делчево

Делчево, 21 ноември 2025 (МИА) - Во Делчево интензивно се работи на изградбата на нови улици во централното градско подрачје кои ќе ги поврзат со современи сообраќајници новите објекти во изградба, станбените згради, но и веќе постоечките објекти. Се работи на изградба на улиците во централното градско подрачје кои ќе бидат со ширина од 6 метри, а на дел од нив ќе се градат и тротоари.  

Во рамките на овој проект се изгради и фекална и атмосферска канализација.  Градоначалникот Иван Гоцевски направи увид во текот на работите и посочи дека со оваа инвестиција, централното градско подрачје ќе добие нов и урбан лик, но ќе овозможи и развој и нови инвестиции во овој дел од градот кој беше доста запоставен.  

-Се работи на изградба на улиците во централното градско подрачје УЕ-2 од блок  2.2, односно дел од улица „4“, крак од улица „4“, дел од улица „1“, пристапна улица „1“, улица „5“, со вкупна должина до околу 630 метри. Ме радува фактот што се интензивираат работите на овие инфраструктурни проекти што ќе донесат нов развој на централното градско подрачје. Воедно, сакам да ве информирам дека заврши и поставувањето на атмосферската канализација која е дел од проектот за изградба на атмосферска канализација во централното градско подрачје во должина од над 1000 метри и ги опфаќа улиците „Индустриска“ и ул „1“, истакна Гоцевски.

Со овој проект, конечно како што додаде се решава еден од најголемите инфраструктурни предизвици во овој дел на градот. 

-Новата атмосферска канализациска мрежа во голема мера ќе ги зафаќа и атмосферските води од населбата Милково Брдо, а со тоа ставаме крај на деценискиот проблем со поплавите кои се случуваа и овие атмосферски води се спроведени во реката Брегалница, додаде Гоцевски.    

Вредноста на работите изнесува 10,5 милиони денари средства обезбедени од Владата, а работите ги изведува СД-ТРАНС од Делчево. вс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан