• понеделник, 23 декември 2024

Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишно девојче во Битола

Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишно девојче во Битола

Битола, 23 март 2023 (МИА) - ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека девојче на 6-годишна возраст кое живее во битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан