• понеделник, 16 септември 2024

Се бара 80-годишната жена Олгица која е исчезната од викенд куќа во тетовско планинско село Јелошник

Се бара 80-годишната жена Олгица која е исчезната од викенд куќа во тетовско планинско село Јелошник

Тетово, 12 август 2024 (МИА) - Од вчера од утринските часови се трага по 80-годишната Олгица Димитровска со живеалиште во Скопје која за викендот престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце. Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата.

-Олгица Димитровска има 80 години и има деменција. Можно е да тргнала од Јелошник кон пониското село Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари.  Доколку има доброволци апелираме за помош во потрагата, полицијата веќе е на терен, информираат од семејството на ќерката на Олгица.

Според сознание на семејството, кое сподели фотографија, кога излегла од дома, Олгица била облечена во фустан со кафеава боја и црни копчиња. ас/дма/


фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан