• петок, 22 ноември 2024

Се асфалтира Регионалниот пат на еден од влезовите на Велес од кај Башино Село

Се асфалтира Регионалниот пат на еден од влезовите на Велес од кај Башино Село

Велес, 4 октомври 2024 (МИА) - Веќе трет ден забрзано се одвива асфлтирањето на потегот од Мостот на Вардар кај Башино Село до раскрсницата кај  Вулканизер „Дине, која е дел од Регионалниот пат на еден од влезовите на Велес.

Делницата е со должина од 1000 метри, а работите ги изведуваат екипи на ЈП „Македонија Пат“ Велес. Воедно во наредните денови ќе се асфалтира и втората делница од овој Регионален пат на потегот од Вулканизер „Дине“ до Хотел „Гарденија“ која е во должина од 1100 метри, информираат за МИА, од ЈП „Македонија Пат“ Велес.

Од ЈП „Македонија Пат“ најавуваат дека по целосното завршување на овие две делници од Регионалниот пат ќе се асфалтира и трета делница на потегот од Железен мост до кружниот тек кај ДОЗ осигурување, односно во близина на Новиот мост „Гемиџии“ во должина од 550 метри на влезот од Велес што води кон Автобуската станица и центарот на градот.

Сите три делници ги финансира Јавното претпријатие за држаавни патишта ЈПДП, а се во вкупен износ од околу 44 милиони денари.

Инаку, овие делници од овој Регионален пат на двата  влеза во Велес се многу значајни ,првите две делници  бидејќи преку едната се влегува во Велес и воедно се приклучува на Регионалниот пат кон рекреативниот центар  Велешко езеро „Младост“. Втората делница води кон индустријата зона  и населбата  Речани. Третата делница на еден од влезовите од Велес  е многу фрекфентна, а води и кон Автобуската станица во Велес и центарот на градот. ад/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан