• понеделник, 23 декември 2024

Се асфалтираат повеќе улици во општина Ѓорче Петров

Се асфалтираат повеќе улици во општина Ѓорче Петров
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Асфалтирани се улиците 46,46а, 68, 4 и 6 во населбата Кисела Јабука, а продолжува изградбата на нови улици во Ново Село кои првпат добиваат асфалт, соопшти општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски при увидот на теренските активности што се одвиваат на територијата на општина Ѓорче Петров изјави дека станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, а се реализираат на барање на граѓаните за да добијат, како што рече, услови какви што заслужуваат. -Приоритетните проекти заслужуваат внимание за моите сограѓани, бидејќи големиот проект „Ѓорче без кал“ мора да станува реалност, перманентно работејќи на терен од самиот старт од мојот мандат. Приоритетот на реализација е предвиден во соработка со граѓаните од редовните приемни денови, од секојдневните средби во соседството, уличките, парковите..., истакна Стојкоски. Најави дека ќе продолжи асфалтирање и на улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански двор. Во овие пет населени места во Општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу пет километри. мд/сст/

Остани поврзан