Сетиен: Ни треба напаѓач, разгледуваме неколку имиња
- Тој потоа зборуваше за времето поминато во тимот, против кој се исправа вечерва во 21 часот.

Бетис, 9 февруари 2020 (МИА) - Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, отворено призна дека има потреба од нов напаѓач.
- Нема да биде лесно да се најде вистинскиот фудбалер. Разговараме за неколку имиња. Очигледно, ни треба напаѓач, кој ќе ни помогне,рече менторот на „блаугранас“ на прес-конференција пред натпреварот со Бетис.
Тој потоа зборуваше за времето поминато во тимот, против кој се исправа вечерва во 21 часот.
- Поминав две прекрасни години во Бетис. Можам само да им се заблагодарам што ми дадоа можност да одам нагоре. Последните месеци беа тешки, но тоа е заборавено. Се сеќавам на сè од ден на ден, што е извонредно. Се сеќавам на среќните моменти, се довери тој.