• недела, 12 мај 2024

СЕП ги почна консултациите со граѓанските организации за подготовка на патоказите

СЕП ги почна консултациите со граѓанските организации за подготовка на патоказите

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Придонесот на граѓанскиот сектор е клучен за успешен напредок во евроинтегративниот процес. Денеска ги започнавме консултациите со граѓанските организации за подготовката на стратешките документи кои се потребни за отворање на првиот Кластер – Патоказите, со цел квалитетно и навремено да одговориме на барањата на ЕУ, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој во објава на Фејсбук наведува дека придонесот од граѓанскиот сектор е најважен поради знаењето кое го има, долгогодишната експертиза и вештините со кои располагаат во клучните областите за Патоказите.

-Реформските процеси низ кои поминуваме на патот кон интеграција во Европската Унија бараат стимулативна средина за дејствување и целосно вклучување на граѓанското општество во креирањето на јавните политики. Граѓанските организации остануваат силен партнер во евроинтегративниот процес и како едни од клучните актери во процесот на демократизација на македонското општество остануваат активни до крај на исполнување на стратешката цел на државата, а тоа е членство во ЕУ, пишува Маричиќ. ев/аа/

Фото: ФБ Маричиќ

Остани поврзан