• понеделник, 23 декември 2024

Семинар од проектот „Едукон“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Семинар од проектот „Едукон“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа седмиот семинар од проектот „Едукон“ (EduCon), поддржан од „Хедли Траст“ (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот.

Семинарот беше насловен „Интерпретација на културно наследство и музеите“, а предавач беше  експертот во оваа област, Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир.

Како што соопшти Меморијалниот центар на холокаустот, на семинарот учествуваа 19 музејски професионалци кои преку практични вежби - индивидуални и групни, усвојуваа нови вештини и алатки за интерперетација на културното наследство.

-Искуството и знаењето пренесено од Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир беше исклучително и добредојдено за сите кои работат на интерпретација на културното наследство и се дел од некој музеј во нашава земја, соопшти Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Менаџер на проектот „Едукон“ е Ирена Ружин, а координатор Жаклина Мучева. хс/са/ 

Остани поврзан