• понеделник, 25 ноември 2024

Селектор на Саудиска Арабија по поразот од Полска: Ќе продолжиме да се бориме до последната секунда

Селектор на Саудиска Арабија по поразот од Полска: Ќе продолжиме да се бориме до последната секунда
Ал Рајан, 26 ноември 2022 (МИА) - Селекторот на репрезентацијата на Саудиска Арабија, Ерве Ренар даде свое видување на натпреварот од 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 против Полска (0:2). - Задоволен сум од моите играчи. Моравме да заминеме на пауза со реми. Ова би променило многу. За жал, денеска не успеавме да оствариме позитивен резултат. Но, ние ќе продолжиме да се бориме. До последната секунда. Никогаш нема да се откажеме. Разбирам дека резултатот е главната мерка за успех. Но, ние го продолжуваме нашиот марш. Имаме добри шанси да стигнеме до плејофот, изјави Ренар за „Sport.pl“. Полска е на чело на групата Ц со 4 бода, а потоа следат Саудиска Арабија со 3, Мексико со 1 и Аргентина без освоен бод. Натпреварот од второто коло од групната фаза помеѓу Аргентинците и Мексиканците ќе се одигра вечер од 20 часот. зс/

Остани поврзан