• петок, 22 ноември 2024

Седум од 10 Германци трошат помалку енергија, половина од нив ги скратија парите за слободни активности

Седум од 10 Германци трошат помалку енергија, половина од нив ги скратија парите за слободни активности
Берлин, 19 август 2022 (МИА) - Седум од 10 Германци трошат помалку енергија поради највисоката инфлација во повеќе децении, а половина од нив ги намалија трошоците за слободни активности, покажа истражување. Во април бројот на оние кои трошеле помалку енергија изнесува 63 отсто, според анкетата на Infratest dimap за телевизијата АРД, каде испитани се 1.273 граѓани. Домаќинствата со пониски приходи најмногу ги менуваат своите навики. Па така, две третини од нив ги намалиле дневната потрошувачка и таа на слободни активности и одмор, јави ДПА. Повисоките животни трошоци ги променија и приоритетите на домаќинствата со просечни примања. Буџетот за слободни активности е намален кај 50 отсто од нив, покажаа податоците од истражувањето. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан