• петок, 22 ноември 2024

Седуммина приведени во антитерористичка акција во Белгија (ДПЛ) 

Седуммина приведени во антитерористичка акција во Белгија (ДПЛ) 

Брисел, 25 јули 2024 (МИА) – Седум лица се лишени од слобода при полициска акција спроведена денеска во девет градови во Белгија, соопшти белгиското Федералното јавно обвинителство.  

- На барање на истражен судија специјализиран за тероризам, Федералната судска полиција на Антверпен изврши претреси на 14 објекти, се наведува во соопштението. 

Федералното обвинителство додава дека седуммината лишени од слобода се одведени на распит пред истражен судија, кој подоцна ќе одлучи дали евентуално ќе издаден налог за нивно апсење.

- Сите приведени се осомничени за учество во активности на терористичка група, финансирање тероризам и за подготовка на терористички напад. Нивните конкретни цели се уште не се утврдени, додава Јавното обвинителство во соопштението. 

Белгискиот државен радиодифузен сервис ВРТ претходно јави дека во рамки на антитерористичка истрага полицијата извршила претреси на 14 станбени објекти во девет градови - Антверпен, Сераинг, Синт-Јост тен Нод, Менен, Леополдсбург, Лиеж, Кортријк, Гент и Зонховен.   

Електронското издание на весникот „Соар“ објави дека станува збор за заедничка акција на белгиските и европските власти во пресрет на церемонијата на отворање на Летната олимпијада во Париз, предвидена за утре, со цел „да се спречи каков било ризик од напад за време на Игрите“. 

Според весникот, цел на оваа координирана европска операција биле поединци претежно по потекло од Централна Азија, кои тврдат дека се членови на европскиот огранок на организацијата  Исламската држава во Хорасан. 

„Соар“ наведува дека станува збор за „превентивна мерка“ во пресрет на Олимписките игри во Париз, кои би претставувале потенцијална цел на напад, иако нема сознанија за конкретен план за терористичка акција за време на нивното одржување.  

Хоросан е историски регион во Централна Азија што ги опфаќа западниот и северниот дел на Авганистан, североисточен Иран, источните половини на Туркменистан и Узбекистан, западен Таџикистан и помали делови од Казахстан и Киргистан. сп/

Фото: ЕНР/Белга

Остани поврзан