• понеделник, 23 декември 2024

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии
Скопје, 22 март 2021 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност, а две последователни седници ќе има Законодавно-правната комисија. Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи, во прво читање. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа Предлог-законот за буџети, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, како и Предлог-законот за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата, трите во прво читање. На дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност има осум точки, меѓу кои и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за КОВИД-19 и спречување од негово ширење и поради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државава. На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, во прво читање, за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и за изменување и дополнување на Законот за странци, двата во второ читање. Законодавно-правната комисија ќе одржи две последователни седници со вкупно 26 точки на дневен ред, од кои на првата се предлог-законите за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, поднесен од пратеници од  власта, двата во прво читање. На втората седница на оваа собраниска комисија има 24 законски решенија, меѓу кои и Предлог-законот за образование на возрасните, во прво читање, предлог-законите за изменување на Законот за меница, на Законот за фондот за осигурување на депозити, на Законот за лизинг и на Законот за финансиските друштва, сите во второ читање. Членовите на комисијата ќе ги разгледаат и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за даночна постапка,Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог-законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите во второ читање. вј/хс/  

Остани поврзан