• вторник, 30 јули 2024

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност. Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет. Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за три предлог-одлуки, за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, за испраќање припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан (јануари 2023 до јули 2023 година) и за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република. мд/аа/

Остани поврзан