• сабота, 21 декември 2024

Седмо државно првенство во атлетика за основни и средни училишта во Куманово

Седмо државно првенство во атлетика за основни и средни училишта во Куманово

Куманово, 16 мај 2023 (МИА) - Околу 450 ученици од над 20 основни и 16 средни училишта, од осум градови во државава учествуваа на денешното седмо државно првенство во атлетика кое се одржа на атлетскиот полигон во Куманово, соопштија денеска од секторот за образование од општина Куманово.

Државното првенство во атлетика за средни и основни училишта, го организира Федерацијата на училишен спорт, преку општински сојуз на училишен спорт и атлетски клуб Куманово.

Првенството го отвори Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование при општина Куманово, кој истакна дека спортските активности претставуваат стекнување на вештини и навики, кои водат кон подобрување на здравствената состојба и развој на физичката кондиција како потреба за здрав живот.

Градоначалникот Максим Димитриевски на средбата со организаторите на државното првенство потенцираше дека општина Куманово ќе продолжи да инвестира во развој на училишниот спорт, кој ќе ги задоволи интересите и потребите за спортување.

- Целта е постигнување на ефекти врз севкупниот статус кај учениците, кои ќе можат да ги покажат спортските капацитети во системот на натпреварување во училишниот спорт, информираат од секторот за образование. ам/цр

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан