• понеделник, 01 јули 2024

Седлоска во идеалниот тим од квалификациите за ЕП

Седлоска во идеалниот тим од квалификациите за ЕП

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим во изборот на ЕХФ за првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2024. 

Левиот бек на „црвено-жолтите“ во неделата постигна осум гола во победата над Литванија на гостински терен без ниту едно промашување, а во првото коло беше реализатор на седум гола во победата над Азербејџан.

Покрај Седлоска во тимот на Европската ракометна федерација се најдоа уште и: Ана Кристенсен (Данска) голманка, Клое Валентини (Франција) левото крило, Кристина Ласло (Романија) средниот бек, Теа Стурлудотир (Исланд) десниот бек,  Алисија Тублон (Франција) десното крило и Вилде Ингштад (Норвешка) пивот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан