• сабота, 11 мај 2024

Севиља ја победи Рома на пенали во финалето на Лига Европа

Севиља ја победи Рома на пенали во финалето на Лига Европа

Будимпешта, 1 јуни 2023 (МИА) - Севилја вечерва ја победи Рома во финалниот натпревар од Лигата на Европа. Средбата се одржа на „Пушкаш арена“ во Будимпешта (Унгарија).

 

Во 35. минута, Пауло Дибала го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел од средбата, дефанзивецот на италијанскиот клуб Џанлука Манчини по центаршут од десното крило ја заби топката во сопствената мрежа и резултатот стана израмнет.

 

Бидејќи екипите не успеаја да го одредат победникот во регуларното време, ги чекаа уште две продолженија од по 15 минути. Сепак, не беа постигнати голови. Во пенал рулетот играчите на Севилја се покажаа попрецизни - 4:1.

 

Севиља ја освои Лигата на Европа по седми пат во историјата. Шпанскиот тим по овој успех избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан