• недела, 09 февруари 2025

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

Токио, 9 февруари 2025 (МИА) – Северна Кореја од вчера почна производство на дронови со техничка помош од Русија, јави Јапонскиот јавен сервис (НХК) повикувајќи се на неименувани извори.

- Договорот овозможува Северна Кореја да развие и масовно производство на неколку видови дронови во координација со Русија, јави НХК.

Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на стратешка соработка што беше договорена на средбата помеѓу рускиот претседател Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Стратешкиот договор помеѓу Русија и Северна Кореја опфаќа трговија, инвестиции, политичка и безбедносна соработка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан