• петок, 22 ноември 2024

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета, осуди од повеќе страни

Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета, осуди од повеќе страни
Сеул, 24 март 2022 (МИА) - Северна Кореја денеска истрела интерконтинентална балистичка ракета во правец на Јапонското Море, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин. Според претседателот на Јужна Кореја, ова е „прекин на суспензијата на лансирањето на интерконтинентални балистички ракети, што претседателот Ким Џонг-ун ѝ го вети на меѓународната заедница“. Јужнокорејската војска соопшти дека веднаш одговорила со истрелување „ракети од земја, море и од воздух“ од своите брегови. Јапонскиот премиер Фумио Кишида го осуди овој „скандалозен и непростлив чин“. Режимот на Северна Кореја „ги загрозува мирот и безбедноста на Јапонија, регионите и на меѓународните заедници“, појасни Кишида од Брисел, каде присуствува на самит на Г7. Осудувајќи го овој потег на Пјонгјанг, Белата куќа уверуваше дека САД ќе ги преземат „сите неопходни мерки за обезбедување на американските територии, Јужна Кореја, како и на Јапонија“. Резолуциите на Обединетите нации ѝ забрануваат на Северна Кореја, земја која е под меѓународни санкции поради своите нуклеарни и оружени програми, да тестира балистички ракети. Од почетокот на оваа година, Пјонгјанг спроведе повеќе ракетни тестови и изврши две лансирања, како што тврди, на сателити за извидување. Меѓутоа, тоа не беа интерконтинентални ракети, иако Вашингтон и Сеул се сомневаат дека севернокорејскиот режим тестирал одредени такви системи, за време на овие лансирања. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан