• вторник, 12 ноември 2024

Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија

Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија

Сеул, 12 ноември 2024 (МИА) - Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија, со што е потврдено нивното зближување поради руската војна во Украина, јави денеска севернокорејската агенција КЦНА.

Договорот беше ратификуван во форма на декрет потпишан од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во понеделникот, додаде КЦНА.

Минатиот викенд Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин потпишал договор за меѓусебна одбрана.

Договорот го формализира повеќемесечното продлабочување на безбедносната соработка меѓу двете земји.

Русија и Северна Кореја се зближија со почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Според украинските власти, околу 11.000 севернокорејски војници веќе се распоредени во Русија и почнале да се борат против Украинците на руска територија, во областа Курск. зш/

Остани поврзан