• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Ќе поднесеме кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Ќе поднесеме кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 17 септември 2025 

Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста. Ваквиот обид само ја покажува слабоста на оваа власт, која ниту има проекти, ниту пак нуди политики - се што понудија досега се лаги, манипулации и гола реторика. И секаде се фатени. Секоја лага им излезе на површина, затоа сега им останува само да се претстават како жртви, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.

Најновата измислица на Мицкоски и ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“. Имено, веб страницата www.ubijcitenakocani.com е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути.

Прашувме, дали ова не е доказ дека истата е направена за нивните морбидни ПР потреби? Пред прес-конференцијата, вебстранцата не постоеше, ниту пак некој ја имаше видено.

Оттука, бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за искажаните лаги и обидот за манипулации, бараме од институциите веднаш да ја проверат сопственоста на интернет страницата. СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања. СДСМ бара итно извинување од ВМРО-ДПМНЕ во спротив ќе поднесе тужба за клевета.

Апелираме до Мицкоски и ДПМНЕ да ги остават да почиваат во мир жртвите од Кочани. Апелираме до Мицкоски да престане со овој морбиден ПР кој ги вознемирува семејствата на загинатите и повредените.

СДСМ

Остани поврзан