• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции

СДСМ: Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции
Скопје, 4 јули 2021 Очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно признати и потврдени. Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание. Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа. Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност. Мицкоски работи против државните и национални интереси и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата. Затоа е таму каде што е, во опозиција, затоа му следува уште еден пораз овој пат на локалните избори. СДСМ, _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан