• сабота, 13 декември 2025

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Скопје, 8 октомври 2025

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговорност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, се вели во соопштението на СДСМ, кое МИА го пренесува интегрално.

Последиците од партизацијата на полицијата и претворањето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.

До кога мисли Тошковски да се крие зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?

Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.

За тоа мора да има одговорност.

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка?


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Остани поврзан