• четврток, 26 декември 2024

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Скопје, 23 ноември 2024 (МИА) - СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Тој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 13 часот.

- Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисоките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор), информираа денеска од СДСМ.

На почетокот на највисокиот орган на партијата, обраќање ќе има претседателот на СДСМ Венко Филипче, кое ќе можат да го проследат и медиумите. Потоа следува работниот дел од конгресот, кој ќе биде затворен за јавноста. ир/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан