• недела, 22 декември 2024

СДСМ со „Рамо до рамо до победа“ во посета на Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево и Карбинци

СДСМ со „Рамо до рамо до победа“ во посета на Македонска Каменица, Пехчево, Берово, Делчево и Карбинци

Скопје, 6 април 2023 

Тимови на СДСМ како дел од големата теренска активност „Рамо до рамо до победа“ попладнево беа во посета и на населените места Македонска Каменица и Пехчево.Во Македонска Каменица, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и членот на Извршниот одбор, Никола Рилак со граѓаните разговараа за антикризните мерки за поддршка на граѓаните во справување со последиците од економската криза.- Во време на глобална економска криза презедовме навремени и ефикасни економски мерки кои им помогнаа на граѓаните. Денес, кога последиците од кризата се уште се чувствуваат ние ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари, а пензиите ги зголемивме за рекордни 8,4 отсто, што јасно покажува дека нашата економија е стабилна и конкурента. Заврши времето кога работниците беа третирани како евтина работа сила,  кога пензионерите беа манипулирани со скромно покачување на пензиите надвор од закон и секогаш пред избори, како тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Денес македонскиот работник, македонскиот пензионер е почитуван и помогнат од државата, за да живее подобро, порача Лукаревска.Членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, заедно со Даријан Сотироски беше заедно со граѓаните на општина Пехчево, каде пред присутните ја посочи разликата помеѓу одговорниот, домаќански и чесен пристап на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и неработењето на нивните градоначалници во 40ина општини низ државата.

Теренските посети на тимовите на СДСМ  „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжуваат и во источниот регион.
 
Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, заедно со Виктор Велевски беше со граѓаните на општина Карбинци.
 
- СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, за работниците, за пензионерите, како и за земјоделците. Во време на светска економска и енергетска криза, кога во Европа се појави недостиг на храна, ние преку националниот план за производство на храна, преку силна и навремена поддршка за земјоделците, не дозволивме пазарите и маркетите да останат празни. Денес нашите земјоделци имаат гарантиран откуп, нивниот труд се цени и вреднува, порача Костадинов.
 
Во општина Берово, членот на ИО на СДСМ, Никица Бачовски, заедно со Благојче Трпески пред присутните порача дека СДСМ за прв пат воведе авансна исплата на субвенциите за земјоделците, со цел поддршката да биде навремена и тогаш кога им е најпотребна, пред почетокот на производствената сезона.
 
Членката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамоска Мадиќ, заедно со Кети Василевска беше меѓу граѓаните на Делчево каде со нив разговараше за европската иднина на државата, потенцирајќи дека СДСМ со своите државнички одлуки ги реализира стратешките цели на државата, членство во НАТО и почеток на преговори и членство во ЕУ.
 
Како дел од теренската активност „Рамо до рамо до победа“ попладнево потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска заедно Методија Димовски беше во посета на општина Кочани.
 
Во разговор со граѓаните потпретседателката истакна дека СДСМ е постојано меѓу граѓаните, таму каде што му е местото, заедно со граѓаните наоѓа решенија за сите предизвици.
 
- Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Помогнавме на илјадници семејства во време на криза, подеднакво се грижиме за секој граѓанин. Додека ние преземаме мерки и обезбедуваме помош за граѓаните, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица гледаме само лажни вести, деструкции и обиди за блокади на евроинтеграциите, порача Костадиновска Стојчевска.
 
Во општина Штип Маја Манолева и Славица Кутиров пред граѓаните зборуваа за реализираните инвестиции напоменувајќи дека во здравството, реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, во соработка со Светска банка,во вредност од 13.6 милиони евра.
 
Членот на Комисијата за земјоделство на СДСМ Гоце Георгиевски и Благица Павловска се осврнаа на мерките и политиките на СДСМ со кои денес македонското земјоделско производство е драстично зголемено, а земјоделците добиваат реална и навремена поддршка од институциите. 
 

СДСМ - Центар за комуникации со јавност

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан