• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Со работниците сме за 1 Мај и секој друг ден  

СДСМ: Со работниците сме за 1 Мај и секој друг ден  

Скопје, 30 април 2025

СДСМ изразува цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија. Овој протест е гласот на работниците кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на своите права. Тоа е борба за достоинство и правда, борба која ја поддржуваме безрезервно.

Како партија која секогаш била со работниците, СДСМ гордо стои зад своите постигнувања како зголемување на минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари, зголемување на просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари, воспоставување на систем за усогласување на платите со трошоците на животот. СДСМ беше и остана единствена партија која сите политики за работниците ги носеше со нив и за нив. 

Денес, сведоци сме на влада која ги игнорира потребите на работниците. Минималната плата стагнира, просечната плата не расте, а колективните договори не се почитуваат. Вработените во јавниот сектор се дискриминирани, дури и редовните плати не се исплаќаат навремено. Ова е неприфатливо и недостојно.

СДСМ верува во социјалната правда и достоинството на трудот. Тие се постулатите на нашето делување и нашите политики. Ние сме со работниците, не само на 1 Мај, туку секој ден. Ќе продолжиме да се бориме за политики кои обезбедуваат фер плати, сигурни работни места и почитување на работничките права.

На овој 1 Мај, СДСМ стои рамо до рамо со работниците. Заедно, ќе изградиме општество каде трудот се вреднува, а правдата и достоинството се основа на нашата заедница.

 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан