• понеделник, 06 април 2026

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Јубилејните 75 години од своето постоење, кои ги чествува со мотото „Столб на македонското битие“, Државниот архив на Република Македонија денеска ќе ги одбележи со три настани.

Во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде промовирана поштенска марка, во Порта „Македонија“ ќе биде организирана средба со претставници на 14 архиви и архивски асоцијации од регионот и од Европа, а вечерва во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија за јубилејот под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски.

- Со овие три сегменти Државниот архив ја потврдува својата улога како чувар на националната меморија и мост кон европската и регионалната архивска заедница. Настаните се дел од јубилејната програма со која се одбележува 75-годишниот пат на институцијата - пат на модернизација, меѓународна соработка и афирмација на архивското наследство - соопшти Државниот архив.

Архивиот е формиран на 1 април 1951 година со указ на тогашната влада. хс/ац/

Фото: Државен архив 

 

 

Остани поврзан