СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Охрид, Дебарца, Дебар и Македонски Брод
- Денеска, во рамки на интензивните теренски активности на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски беа рамо до рамо со граѓаните на Охрид.
8 април 2023
Денеска, во рамки на интензивните теренски активности на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски беа рамо до рамо со граѓаните на Охрид.
Претседателот Ковачeвски на маалска средба со граѓаните рече дека овој викенд, раководството на СДСМ на работилница токму во Охрид, донесе одлуки за повеќе важни, клучни иницијативи за иднината на земјата кои ќе бидат имплементирани во наредниот период.
- СДСМ ќе ја преводи иницијативата за продолжување на патот кон Европа, да се направат сите неопходни реформи и уставни измени кои се неопходни. Патот кон Европа мора да продолжи и нема да дозволиме да биде блокиран од евтиниот популизам и непромисленоста од лажните националисти. Рамо до рамо со вас, граѓаните, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на сегашните и иднинте генерации. Надежта за европска иднина е жива, рече Ковачевски.
Генералниот секретар Зечевиќ рече дека македонските социјалдемократи се рамо до рамо со граѓаните, да дадеме отчет за сработеното, да ги слушаме граѓаните и заедно со народот да се бориме за подобро утре.
-Преку разговор, заедничка решителност, со труд, со работа, со посветеност да се бориме за подобро утре. Рамо до рамо, до нова победа. Знаеме колку е важна европската иднина. СДСМ го води овој процес, затоа што СДСМ е партија на народот, која државотворно се однесува денеска како и во сите премрежја од современата македонска историја. Знам дека не е лесно, предизвици има многу. Но, заедно сме поминале и многу потешки периоди. Мора заедно да истраеме, мора заедно да се бориме. Да продолжиме напред, силно и одлучно. Да го мобилизираме целото општество околу европскиот концепт, да ги изодиме сите чекори и заедно да обезбедиме нова победа за европска република, рече Зечевиќ.
Рамо до рамо со граѓаните СДСМ денеска ги продолжи теренските активности ширум државата. На маалски средби со граѓаните на Дебарца беа секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, членката на ЦО, Славица Грковска и членката на Извршниот одбор Мелиса Ценоска Серафимовска.
Почетокот на преговорите со ЕУ носат директни придобивки за граѓаните. Само по два основи добивме помош од ЕУ вредна 180 милиони евра, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.
-На почеток на годината, ЕУ одлучи да ни додели 100 милиони евра за фискална одржливост и структурни реформи. Веќе е достапна и буџетската помошта и од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, односно за антикризни мерки што Владата ќе ги преземе во текот на оваа година. Јасно е кој стои зад нас во тешки времиња, рече Маричиќ.
Важно е да го продолжиме европскиот пат пред се заради подобар животен стандард и подобри услови за живот, додаде Маричиќ.
Во Дебар, рамо до рамо со граѓаните беа социјалдемократските тимови, членката на Централниот одбор, Каја Шукова и членот на Извршниот одбор, Андреј Петров.
-Членството во ЕУ ги обединува сите граѓани, без разлика на етничка или верска припадност. Тоа е стратешка и национална цел на државата но и на сите граѓани. Нема аргументи зошто некои опозициски партии се противат, кога се оставрува стратешкиот интерес на земјата сите треба да покажат одговорност. Во оваа насока уставните измени се потребни за да го продолжиме европскиот пат, до полноправно членство, рече Петров.
Членката на Извшрниот одбор на СДСМ Рената Јајоска, членот на Централниот одбор, Љупчо Николовски и портпаролката на партијата Богданка Кузеска денеска бе меѓу граѓаните на општина Македонски Брод како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.
Тимот со граѓаните разговараше на повеќе прашања, меѓу кои мерките за подигање на животниот стандард на граѓаните, европската перспектива на државата, како и инвестициите во земјоделството.
„Со новата ИПАРД 3 програма приближно 100 милиони евра неповратни европски средства ставаме на располагање во инвестиции за модернизација на македонското земјоделство, подигнувајќи го прагот на инвестиции со цел реализирање на поголеми проекти. Тоа е само дел од директни придобивки што ние како држава ја добиваме од Европската унија, затоа мора да продолжиме по европскиот пат“ порача Николовски.
СДСМ продолжува со масовната теренска активност со која ќе се посетат 946 населени места, каде ќе се разговара со граѓаните, но и ќе се претстави планот за забрзан економски раст.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: СДСМ