• четврток, 04 декември 2025

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

Скопје, 20.06.2025

СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини.

Ако нема проект, ако нема студија, ако нема анализа на трасата – како се дојде до бројката од 2 милијарди евра?

Кој и врз основа на што ја пресметал?

Одговорот се наметнува сам: Се пресметува провизијата, не трошокот.

Ова е подготовка за најголемиот тендерски криминал во поновата историја. ВМРО-ДПМНЕ го повторува моделот: се ветува мегапроект без основа, се зголемува цената однапред, се отвора пат за перење пари и за богатење на партискиот врв.

И во целата таа матрица на измама – Мицкоски вели пругата ќе почне до крајот на годината, а министерката Кочоска изјавува дека нема да почне ни до 2027 година.

Дали ова е координирано лажење на јавноста или само доказ дека во Владата владее хаос и нема контрола над сопствените лаги?

Го прашуваме Мицкоски:

Како се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра ако нема проект?

Дали цената е договорена однапред со кредиторот?

Кој ќе го добие тендерот? И по кои критериуми?

Дали јавноста ќе види физибилити студија?

Или пак ова е уште една зделка во која ќе исчезнат милиони како во минатото?

Комични се обидите да се прикаже некаков инвестициски бум. Во реалноста, оваа Влада едвај ги довршува проектите почнати од СДСМ, а новите проекти се само обични наслови и надуени цифри – зад кои стои многу сериозен сомнеж за злоупотреба.

СДСМ нема да молчи.

Ќе ги следиме сите чекори на овој процес. Ќе бараме целосна транспарентност, увид во сите документи, и ќе ја информираме јавноста за секој сомнеж, секој тендер, секој договор што се прави зад грбот на граѓаните.

И ако Мицкоски мисли дека ќе помине незабележано, се лаже. Одговорснот ќе има, секој ќе одговара.

Одговор на новинарско прашање:

Бидејќи и вака се пласира од страна на претставници од највисокиот врв на партијата, дефинитивно тоа покажува дека тие воопшто не се сигурни во апсолутна победа и дека знаат точно граѓаните што гледаат, што чувствуваат. Свесни се дека нивниот рејтинг паѓа и свесни се и дека сето она што го ветија не го исполнуваат пред граѓаните, па сега се служат со едни популистички наративи со коишто наводно ќе кажуваат во јавноста како тие се апсолутните победници. Гледаат дека СДСМ е организирана партија, дека СДСМ сериозно се подготвува за локалните избори и дека навистина ќе ги понуди пред граѓаните најквалитетните кандидати коишто ги има во своите редови, рече денеска портпаролаката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.

Ние постојано слушаме од ВМРО-ДПМНЕ, ако се вратиме во минатото, ги лажеа и граѓаните дека Европската унија ќе се распадне. Сега ги слушаме повторно со некакви прогнози, дека ќе се распадне партијата. Што повеќе гледаат дека СДСМ нуди квалитет и дека ќе понуди кандидати коишто навистина се квалитетни и ќе работат за интересите на граѓаните, како што, впрочем, досегашните градоначалници од редовите на СДСМ го покажаа тоа — дека работат во интерес на граѓаните, така ВМРО-ДПМНЕ ја пласира оваа теза, обидувајќи се да наметне некаква слика, а точно знаат во своите редови дека работата не им е баш добра, додаде таа.

 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска 
_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан