• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Политиките на власта со „кошнички“ се промашени

СДСМ: Политиките на власта со „кошнички“ се промашени

Скопје, 14 декември 2024
 

Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко.

Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н „новогодишна кошничка“ кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи.

Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект. Измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени.

Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%.

Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија.

Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот.

Намесот лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан