СДСМ - Охрид: Трајниот влог во ЈП „Колекторски систем“ придонесува за одблокирање на Општина Охрид
- Континуираното вложување во Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро придонесува во голема мера во процесот на раздолжување на Општините Охрид и Струга и одблокирање на нивните сметки, посочуваат од Општинската организација на СДСМ од Охрид.
Охрид, 27 декември 2023 (МИА) – Континуираното вложување во Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро придонесува во голема мера во процесот на раздолжување на Општините Охрид и Струга и одблокирање на нивните сметки, посочуваат од Општинската организација на СДСМ од Охрид.
Во соопштението лиферувано до медиумите од партијата посочуват дека со Законот за претворање на побарувањата на РСМ по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во Јавното претпријатие Колекторски систем во вредност од 281.314.174 денари ќе бидат одблокирани и Општините Охрид и Струга кои беа како гаранти на овој преземен долг од страна на МЈП Проаква, а по основ на неисплатени средства од нивна страна кон странски кредитор.
„Владата предводена од СДСМ преку Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано вложува во колекторскиот систем. После формирањето на претпријатието, колекторот кој беше 40 години воопшто неодржуван, е донесен во функционален систем кој на најмалку два пати во невремиња го спаси градот од поплави. Во 2020 година инвестирани се 254.000.000,00 денари, а годинава со 47.000.000,00 денари продолжува санацијата на колекторксиот систем“, потенцираат од СДСМ - Охрид.
Меѓу останатите бројни активности, додаваат, менаџментот на јавното претпријатие работи и на решавање на деценискиот проблем во Грашница.
Според СДСМ – Охрид, добиен е исто така и грант од 960 илјади евра од Шпанската влада со кои се изработуваат проекти за пречистителни станици во Љубаништа, Радожда и нова пречистителна станица во Подмоље исклучиво за охридскиот дел, проект за собирање на секундарна канализација од селото Елшани и нејзино спроведување во колекторскиот систем.
Од партијата уште нагласуваат дека несебичниот влог на државата преку ресорсното министерство и менаџментот на претпријатието е видлив и претставува значително олеснување и решавање на сите горливи проблеми на охриѓани. аб/са/
фото/СДСМ - Охрид