СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски
- Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок, стои во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 12 февруари 2026
Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок, стои во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.
Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски.
Наместо да ја издржува казната во „Идризово“, ВМРО му подготвува враќање на осудениот криминалец во белата палата.
Така изгледаат „реформите“ во ВМРО: нема повеќе потпретседатели, сите се тргнати лично од Мицкоски. Се расчистува патот за еден човек - за враќање на поранешниот лидер, а Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Клучниот чекор во ова сценарио е систематскиот напад врз специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку Орбановата медиумска мрежа во Македонија веќе се води црна кампања.
Целта е јасна: дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување.
Станува збор за организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот да се претстави како жртва.
Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и Обвинителството. Сè со една цел - да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.
Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата.
Фото: МИА архива