СДСМ: Изгоре 20 отсто од територијата, кој ќе одговора за катастрофата со пожарите?
- Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 31 јули 2025
Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година, изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ресурси – осум пати повеќе од просекот во последните 17 години!
И оваа година катастрофата продолжува. Бројни пожари во изминатите месеци ја опустошија земјата.
Мицкоски ветуваше дека оваа година државата ќе биде подготвена, дека ќе има организација и координација за справување со пожарите. Ништо од тоа, нема ниту организација, нема систем, нема нова опрема, нема повеќе пожарникари, нема ништо.
Повеќе од 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел. Тоа се илјадници хектати уништени дрвја, зеленило, природно богатство, и трајна еколошка штета. Генерации треба да живеат со последиците од оваа негрижа.
Кој во власта ќе одговара за катастрофата со пожарите во која изгоре 20% до територијата? Кој ќе понесе одговорност за пустошот што остана?
Наместо да го менаџира системот, Мицкоски лажно ја обвинува опозицијата за пожарите
Македонија гори, а премиерот Христијан Мицкоски, наместо да работи и да го менаџира системот за гаснење на пожарите, си тера партиски трибини од кои лажно ја обвинува опозицијата.
Да не беше трагично, ќе беше смешно. Безобразие и ароганција — очајни конструкции на човекот кој целосно потфрли во справувањето со пожарите.
Прво беа кравите, потоа скакулците, па лажните фотографии на Лефков и фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ — сѐ со цел да се дефокусира јавноста од неспособноста, хаосот и нефункционалноста на институциите.
Но тоа не поминува. Граѓаните знаат и гледаат. Изгореа над 20% од македонските шуми и пасишта. Македонија е прва во Европа по уништена територија од пожари откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт.
Оваа национална катастрофа е последица на неспособноста и неуспехот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се справи со пожарите.
Нели оваа година ќе бевме „најспремни“ за справување со пожари? Па зошто државата не е спремна? Зошто нема нова опрема, зошто нема повеќе пожарникари, зошто нема систем?
Мицкоски треба да знае дека пустошот што го остава владата зад себе нема да го изгасат ниту лажните вести, ниту манипулациите, ниту вперувањето прст кон опозицијата.
Државата гори. Престанете со измислувања – земете, работете!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ