• четврток, 04 декември 2025

СДСМ: Документите се јасни - тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени

СДСМ: Документите се јасни - тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени

Скопје, 30 ноември 2025

Скандалот кој СДСМ денеска го објави ги потврдува сите криминални шеми на ДПМНЕ како се крадат парите на граѓаните. Документите се јасни: тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени лица, формирана пред само една година, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. 

Четири од шест договори се добиени од Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски.

Ова е класична шема за испумпување на пари од граѓаните преку фирми блиски до власта.

СДСМ бара акција од институциите за криминалците во власта да одговараат а крадењето од граѓаните да престане.

Не баравме ниту роднинско стебло ниту извод од Димса Арсовски туку да одговори на прашање дали е роднински поврзан. И нема за што да му се извинуваме.  

Човек без работен стаж коментира нечии кариери?  Човек кој лаже и краде бара извинување?

СДСМ не се извинува на криминалци.

Ниту Груевски и Мијајлков не се со исто презиме па сепак се роднини.

Димса не дефокусирај, она што е сигурно: сите вие во ВМРО-ДПМНЕ сте роднини по криминал.

СДСМ продолжува со разоткривање на криминалот на ДПМНЕ. Утре ќе објавиме нови аспекти на овој скандал, да видат граѓаните какви луѓе стојат зад овие фирми кои добиваат милионски тендери и со што се поврзани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан