• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка

СДСМ: Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка
29 август 2022
СДСМ и институциите што ги предводи со вложувања во инфраструктруата, во капитални објекти од големо значење за граѓаните, ги унапредуват условите за живот и работа, за подобрување на стандарот на населението.
Во употреба е пуштен Системот за наводнување „Славишко поле” во општина Ранковце, со кој ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште.
Со овој организиран и модерен  систем за наводнување, земјоделците во текот на целата година ќе имаат достапна вода за наводнување на земјоделските посеви и можност за значително зголемување на земјоделското производство, што е од особено значење во овој период на криза.
Со системот за наводнување „Славишко поле”, кој е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија, во вредност од близу 1,8 милиони евра, како дел од проектот на ИПА, нема да има загуби на вода што е од исклучително значење заради заштита на животната средина и на обновливите извори на енергија.
Приоритет на СДСМ е грижата за децата, како влог за иднината на нашата држава. За пет години се изградени, реконструирани и доградени 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца се зголеми за 4.300.
Со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.
Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка и дополнителни средства од општината, а објектот е целосно енергетски ефикасен.
Освен во објекти, во изминатиот период се вложува во јакнење на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, решен е недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи.
Платите на вработените во градинките од 2017 година се зголемени за вкупно 36 отсто, а со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието.
СДСМ и во услови на светска економска криза продолжува со вистинска грижа за граѓаните и стопанството.
СДСМ
_______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан