• недела, 22 декември 2024

СДСМ во Долнени, Велес, Струмица и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил - ЕУ или Левица

СДСМ во Долнени, Велес,  Струмица и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил - ЕУ или Левица

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Во рамки на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо, до победа“, денеска со граѓаните на Долнени беа Оливер Спасовски и Мелиса Ц. Серафимовска, во Велес беше Каја Шукова, а Ресен го посетија Хари Локвенец и Борче Петковски. 

Заедничка беше пораката дека изборот на земјава е интеграција или изолација.

Спасовски истакна дека на меѓународен план и во исполнување на државните стратешки интереси, СДСМ има направено најмногу, а сега е време, напомена, за исполнување на уште една цел, членство во ЕУ.

-Како држава и како народ имаме историска шанса која што треба да ја искористиме. На чекор сме од реализација на уште една стратешка цел, членството во ЕУ. Сега е време за одговорност пред граѓаните и европската иднината на државата од сите партии, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Изборот е интеграција или изолација, рече Спасовски.

Тој се осврна и на тутунот.

-СДСМ има резултати кои прават разлика, а тоа граѓаните на Долнени многу добро го знаат.  Со одговорен, партнерски однос со тутунопроизводителите оваа година обезбедивме рекорденни откупни цени на тутунот. Постигната е рекордна цена од 290 денари за килограм произведен и предаден тутун. Вкупната вредност на предадениот тутун изнесува 100 милиони евра, плус обезбедивме и исплативме 26 милиони евра директни субвенции кон тутунарите. Тоа вистинска грижа, рече Спасовски пред граѓаните на Долнени.

Според Серафимовска, глас за Европа во македонското Собрание е глас за продолжување на европскиот пат.

-Мицкоски да не крие, туку да ги среди ставовите, да излезе пред граѓаните и да каже што одлучил, ЕУ или Леица, напомена Серафимовска.  

Рамо до рамо со граѓаните на Велес беше Каја Шукова, која се осврна на успешните политики на СДСМ.

-Во време на светска енергетска криза, обезбедивме непречено снадбување со струја, ги заштитивме граѓаните од ценовни шокови, рекордно се зголеми домашното производство на електрична енергија, нагласи Шукова, додавајќи дека инвестициите во обновливи извори на електрична енергија освен што ја зајакнуваат енергетската независност позитивно влијаат и врз заштита на животната средина.

Во Ресен Локвенец и Петковски истакнаа дека со изградба на коридорите 8 и 10 Д се реализира стратешки проект на кој се чекаше со децении.

-По 30 години зборување, почнува изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д, со кои државата станува вистинска балканска крстосница. Проектот е вреден 1,3 милијарди евра од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат во домашни градежни компании. Покрај подобро поврзување со соседите и меѓу општините, овој проект носи придобивки за компаниите, нови работни места и раст на БДП од 2 отсто годишно во наредните пет години, порача Локвенец, во Ресен.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ меѓу граѓаните на Струмица беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Пред присутните, Николовски истакна дека земјоделците најдобро знаат какава е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ и лажните вести и обвинувања што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

- ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваа земјоделците додека беа на власт, а сега кога се во опозиција ги лажат и манипулираат. Пред неколку месеци безобразно лажеа дека ќе немаме леб, дека ќе немаме брашно или зејтин, бидејќи само тоа и го знаат. А лажат и денес дека наводно се увезува отровен зеленчук. Ние на таквите лаги се спротивставуваме со работа, со меки и политики. Само за овие два месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци. Подготвивме нова мерка со грант до 10.000 евра за малите прозводители на храна од животинско и неживотинско потекло да набават опрема за да го модернизираат своето производство и да можат да се регистрираат во АХВ за легално да може да продаваат од праг или фарма. Тоа се клучни огромни разлики, порача Николовски, додавајќи дека разликата се гледа и во водењето на општините посочувајќи го примерот со општина Струмица која раководена од Костадин Костадинов продолжува забрзано да се развива.

Во општина Кавадарци беше членот на комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски.

Продолжуваме да ги поддржуваме малите семејни винарии со грнат до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку нова мерка обезбедивме и поддршка на малите производители на алкохол и дестилерии со грант до 5.000 евра за набавка на опрема за производство. Лозарите, винарниците гледаат што значи партнерскиот однос што го имаме, порача Георгиевски.

Во општина Босилово беа Кирил Парталов и Размена Чекиќ кои пред присутните порачаа дека СДСМ ќе продолжи да се грижи а сите граѓани, да инвестира во секое населено место низ државата. мч/

фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан