• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка од градоначалникот на Гази Баба кој бил осуден за дрога

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка од градоначалникот на Гази Баба кој бил осуден за дрога

Скопје,27 март 2025 (МИА) - СДСМ денеска го повика пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка од градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефановски, кој, според СДСМ, бил осуден за продажба на дрога. 

- Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него. Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани. Мицкоски го гледавме на слики како седи на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра. За разлика од цело ДПМНЕ, Јон Фрчкоски си поднесе оставка и се повлече од позицијата, се вели во соопштението од СДСМ од каде објавија документи за Стефановски.

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со информација дека директорот на Центарот за истражување и анализа на СДСМ Јон Фрчкоски користи наркотички супстанци по што Фрчкоски поднесе оставка од функцијата. бак/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан