• недела, 18 мај 2025

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

Скопје, 19 април 2025

Откако мерката на Владата, со која маркетите задолжително треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, наиде на голем потсмев кога беше најавена, сега истата се докажува и како целосно нефункционална.

На граѓаните им е потребен околу еден час само за да споредат еден производ во сите маркети. Доколку треба да направат споредба на сите производи што редовно ги купуваат, веројатно би требало да земат ден одмор од работа.

СДСМ уште на почетокот алармираше дека оваа бесмислица ниту ќе помогне да се намалат цените, ниту некој реално ќе има корист од неа, но Владата не слушаше.

Наместо да ги прифати мерките на СДСМ, со кои реално ќе се намалеа цените на основните производи, Владата реши да им замачкува очи на граѓаните.

Резултатот, месеци подоцна, е целосно неупотреблива алатка, осудена на пропаст – и цени кои се вивнати во небо.

Десетици милиони евра е државниот грабеж што им е направен на граѓаните како резултат на лошите политики на Владата и работењето во интерес на трговците.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан