• четврток, 13 март 2025

СВР Струмица апелира да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места

СВР Струмица апелира да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места

Струмица, 13 март 2025 (МИА) - СВР Струмица апелира до сите граѓани да не се пали оган на отворено и на необезбедени места, стрништа, земјоделски и други површини, отпад или друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Апелот доаѓа откако во еден ден во Струмичко и Радовишко избувнаа 12 пожари на отворено.

Потенцираат дека ова е период од годината кога земјоделците ги подготвуваат своите земјоделски површини за сеидба, при што палат стрништа, меѓи, плевел и други отпадоци.

-Во минатото бевме сведоци на многу појави кога ваквото неконтролирано палење беше причина за настанување на пожари, со кои се предизвикуваа штети на имотот на граѓаните, стои во апелот на овој сектор на МВР.

Полицијата потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци. рт/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан