• петок, 22 ноември 2024

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Скопје, 28 јули 2024 (МИА) - Припадници на СВР Скопје соноќа од 21 часот до 1 часот по полоќ продолжија со преземање зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

Како што соопшти денеска МВР, на територија на Кисела Вода лишено било едно лице по член 215 од Кривичниот законик, а спроведена била и сообраќајна контрола при што санкционирани се 10 возачи.

-Исто така, вчера во периодот од 18.00 до 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје преземаа зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на Сарај. При тоа лишен од слобода бил Џ.У.(25) од Тетово, бидејќи при преглед кај него биле пронајдени марихуана, дробилка за марихуана и нож, информираат од МВР. 

Оттаму најавуваат дека засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови. сст/дма/

фото МИА архива 

 

 

 

 
 

Остани поврзан