• среда, 08 мај 2024

СВР Битола одржа средба со сопственици на фирми кои вршат јавен превоз

СВР Битола одржа средба со сопственици на фирми кои вршат јавен превоз

Битола, 6 јули 2022 (МИА) - СВР - Битола продолжуваат со кампањата „Безбедно лето 2022“ низ која одржуваат информативни средби и посочуваат превентицни мерки за поголема безбедност во сообраќајот со различни целни групи во градот.

Согласно планот за мерките и активностите во рамките на проектот, во просториите на СВР Битола се одржа работен состанок со сопствениците на фирми кои вршат јавен превоз на подрачјето на Битола.
-На учесниците кои вршат јавен превоз во градот им беше укажано дека ќе бидат засилени контролите во однос на техничката исправност на нивните возила, како и управување под дејство на алкохол, соопштија по средбата од тамошниот сектор за односи со јавност.
СВР-Битола претходно одржа информативни средби со граѓани за заштита на домот од кражби, како и превентивна акција со лица кои користат мотоцикл во сообраќајот. мт/сст/

Остани поврзан