• среда, 25 декември 2024

МИА и Видеоплус со преноси во живо од ДИК и изборните штабови

МИА и Видеоплус со преноси во живо од ДИК и изборните штабови

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - Медиумската информативна агенција МИА и агенцијата Видеоплус, заеднички ќе реализираат преноси од прес-конференциите за резултатите од утрешните Парламентарни и од вториот круг на Претседателските избори од Државната изборна комисија и од изборните штабови. 

Преносот ќе се реализира со постојан сигнал и посебен канал и ќе има можност во живо да се информира во реално време од изборните штабови. 

Исто така, на you tube каналот на МИА ќе може да се следи комбиниран пренос од изборната ноќ. 

Преносите се достапни на веб страницата на МИА www.mia.mk. 

Остани поврзан