• петок, 22 ноември 2024

СВР-Штип со детали за инцидентот и заканите кои ги добил штипскиот градоначалник, Иван Јорданов

СВР-Штип со детали за инцидентот и заканите кои ги добил штипскиот градоначалник, Иван Јорданов

Штип, 22 март 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работни-Штип во писмено соопштение до медиумите потврдува за инцидентот и заканите кои ги добивал градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов од лицето Ј.М. вработен во Оштина Штип.

-На 21 март  во 22:45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19:40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов денеска пред медиумите потврди дека иницидентот и заканите ги пријавил во полиција. Според Кривичниот законик сторителот на заканите се соочува со кривично дело загрозување на сигрурност, а затворската казна се движи од три месеци до три години. вдј/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан